480
Како строги критериуми предвидени се:
Критериумите за преминување од една фаза во следната фаза ќе бидат детално утврдени, со што ќе се овозможи потврда на усвојувањето, како и ефективно и одржливо спроведување на законодавството во однос на одредена политика, и главно ќе се заснова на одржлив, неповратен напредок од областа на владеењето на правото.
Од земјите-кандидатки ќе се бара да ги прилагодат своите институционални и административни капацитети на потребата за ефикасно учество во различните политики. За конечното пристапување ќе се одлучува врз основа на исполнување на видливи економски и социјални цели.
Овие критериуми ќе бидат проследени со индикатори кои ќе бидат лесно и објективноверификувани. Тие би можеле да бидат налик на индикаторите утврдени од Европската унија (табела за оценки за правда, Европски семестар за време на последните фази на процесот) и други меѓународни организации (Совет на Европа, вклучително и Венецијанската комисија, ГРЕКО и комитетот за Манивал; ОЕЦД; Светска банка ), но сепак нив ќе ги поставуваат и ќе ги оценуваат само институциите на ЕУ.