Извршниот директор на француската новинска агенција Франс прес, Фабрис Фрис денеска објави план кој предвидува укинување на 125 работни места во следните пет години.
Согласно планот, ќе бидат укинати работните места на лица кои ќе заминат во пензија. Во следните пет години од агенцијата треба да се пензионираат 160 лица, а ќе бидат вработени само 35 нови.
Предвидените 125 работни места за укинување претставуваат пет проценти од вкупниот број вработени во Франс прес на крајот на 2017 години.
Со планот што го објави Фрис, се предвидува укинување на 85 работни места во техничките и административните служби на агенцијата, како и на 40 новинари.
Ваквите мерки се преземаат со цел да се намалат расходите на агенцијата, која се соочува со зголемни трошоци и цени.