410
Алијансата ќе ја покани Македонија да стане нејзината 30. земја-членка пишува денеска агенцијата Франс Прес, пренесе „Дојче веле“. Тоа го овозможи договорот во спорот за името со Грција, кој сепак, треба до крај да се спроведе.
И покрај конфликтот околу буџетот за одбрана, шефовите на држави и влади на земјите членки на НАТО ќе ѝ доделат покана за членство на Македонија. Тоа го овозможи компромисот во деценискиот спор за името со соседна Грција. Со него, балканската земја со 2,1 милиони жители за една до две години ќе стане 30. членка на НАТО со идното име „Република Северна Македонија“.
Претходно договорот со Грција ќе мора да биде целосно спроведен, пишува Франс Прес.