548
Градоначалникот на општина Гевгелија, Иван Франгов, за Макфакс изјави дека референдумот е облигаторен за локалната самоуправа и дека истиот мора дасе почитува и од идните структури во општината. Гевгелија речиси празна по улиците, може да се забележат само постари лица, додека ликалите се полни со ученици.
На прашање од Макфакс, за тоа како е еден ден по референдумот, тие велат дека по објавувањето на резултатите, донеле исправна одлука за нив и нивните сограѓани.
Иницијаторот на иницијативата за „Спас на Гевгелија“, Ангел Наков, вели дека е горд со своите сограѓани и дека тие на најдемократски начин донеле најправилна одлука.