365
Фракционерите во ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе одржат прес конференција на која ќе го соопштат официјалниот став за преговорите за името. Тема на прес конференцијата ќе бидат и ставот за прогонетите Македонци од егејскиот дел, велат од таму.
Зад првата Фракција на ВМРО-ДПМНЕ стојат ФРОДЕМ и Внатрешната иницијатива за реформи. Како што велат, нивната цел е да и помогнат на партијата да ја врати препознатливоста како партија на македонско национално и граѓанско единство.