Фракцијата на ДУИ т.н. Огнена група информира дека внатрепартиските избори во ДУИ се нестатутарни и организирани со диктат
„Иако покриени со маската на внатрешни избори со висока демократија односно 1 член 1 глас, сакаме да ја информираме пошироката јавност дека овој процес е фарса, бидејќи е сосема нестатутарен и згора на тоа претседателите се веќе избрани по диктат на пратседателот Али Ахмети пред извесно време. Следствено, ова што се случува денес, дека наводно некој гласа е само евтин театар за дефокусирање на јавноста.
Овој процес никако не може да биде демократски бидејќи од почетокот беше исклучувачки, што значи дека активистите кои не мислат дека треба да гласаат како во комунизмот, по диктат, беа оневозможени да се регистрираат, иако се основачи, активни и заслужни за победите на Демократската Унија за Интеграција од 2002 година.
Потсетуваме дека слични процеси како овие, диригирани и диктирани од горе, се одржани и во Полошкиот регион, но резултатот е дека ДУИ излегува губитник и го губи приматот меѓу албанските политички партии, како што е случајот со Огранокот во Тетово“, велат од таму.