204
Женското музичко трио ,,Фрајле” ќе одржи и втор концерт во Скопје, во Македонска Филхармонија, откако првиот концерт бил распродаден за краток период. Влезниците по цена од 1.250 денари се пуштени во продажба, а освен концертите во Скопје, кои ќе се одржат на 15-ти и 16-ти март, најавени се и концерти во Струмица и Битола.
За тамошните концерти билетите се продаваат по цена од 1.000 денари.
Битолскиот концерт ќе се одржи во Центарот за култура на 13-ти март, а пак струмичкиот во Дом на култура на 17-ти март.
Годинава триото одбележува 15 години кариера, па по тој повод е најавена и балканската турнеја која ја опфаќа и Македонија.
Вики Клинчарова