По пуштањето од притвор на бизнисмените Орце Камчев и Цветан Панделески, денеска се очекува да биде донесена одлука и за притворот на поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков.
Мијалков поднесе барање за преиначување на мерката притвор и побара истата да се замени со поблага мерка. Тој неодамна како гаранција дека нема да ја напушти државата, понуди 1 милион евра.
Неговиот адвокат, Љупчо Шврговски истакна дека во секој случај е подобро куќен притвор, отколку затворски.
-Се уште не знам каков ќе биде ставот на обвинителството. Очекуваме целосно да биде ослободен. Како и да е, куќен притвор е подобро отколку затворски. Условите во затворот во Шуто Оризари и дома не се исти – порача Шврговски.
Во меѓувреме јавноста остро реагира на овие одлуки, а критиките се насочени кон Специјалното јавно обвинителство. На Твитер се појави интересна фотомонтажа во која Мијалков излегува од затворот во „Шутка“, облечен во маичка со иницијалите СЈО.
https://twitter.com/dRskata1/status/1078326191268990977?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1078326191268990977&ref_url=https%3A%2F%2Ftv21.tv%2Fmk%2Freaktsii-od-tviter-zaednitsata-mijalkov-od-shutka-ke-izleze-so-maichka-sjo%2F
Сјо го продаде кучата
— Размишљај ти (@IdamNaMore) December 27, 2018
Од успесите на СЈО, издвојуваме:
"Гаќите на Ивона" pic.twitter.com/asxxE9hJm1— Ацо Мерако (@AcoMalio) December 27, 2018
Ко вчера да беше коа се чекаше прес на сјо, па се твиташе дека ќе си лежат… Ах, времиња!
— Donatello™ (@Petrusevski13) December 27, 2018
Камчев и Панделески излегоа од притвор откако СЈО испрати позитивно мислење до судот притворот на обвинетите во „Империја“ да им се замени со поблага мерка, како куќен притвор. СЈО позитивно мислење даде и за притворот на Миле Јанакиески и Кирил Божиновски обвинети во „Титаник“.