Фотографиите од местото каде утринава се случи тешката сообраќајна несреќа во која животите ги загубија две лица, а три се тешко повредени говорат за интензитетот и страотноста.
Началникот на Итната помош од Кавадарци, д-р Ратко Грков изјавил кај две лица смртта била констатирана на самото место, а тројцата повредени, откако биле транспортирани во Општата болница во Кавадарци, се префрлени во Клиничкиот центар во Скопје.
„Кај две лица лекарите констатираа смрт на самото место, а тројца повредени беа транспортирани во Општа болница Кавадарци, од каде се препратени во Клиничкиот центар“ – информира Грков.
Локалната телевизија КТВ на својот фејсбук-профил објави фотографии кои сведочат за страотната несреќа и нејзиниот обем.
Сообраќајната несреќа се случи рано утрово, на патот Росоман – Прилеп, во близина на местото викано „Камен дол“.