Фотографии од автобусот во пламен објавени на бугарските социјални мрежи

by fokus

Две фотографии на кои се гледа автобусот во пламен, направени најверојатно кратко по несреќата се објавени на социјалните мрежи во соседна Бугарија.

Првично фотографиите беа споделени на социјалната група “Катастрофи во Софија” со напомена дека патот е затворен, а потоа истите ги објавија и тамошните медиуми.


Станува збор за група на социјалната мрежа Фејсбук чија цел е учесниците во сообраќајот да се информираат за состојбата на патиштата, односно се објавуваат информации за сообраќајни несреќи и евентуално затворени патни правци.

Во трагедијата која го разбуди регионот, а која се случи на автопатот Струма во Бугарија, загинаа 46 лица кои од Турција патувале кон Македонија. Седум патници кои успеале да се спасат се сместени во болницата Пирогов во Софија. Според бугарски ,,БТВ новините”, преживеаните патници се две жени и петмина мажи.

Вики Клинчарова

Поврзани новости