(Фотогалерија) Скопје се „дави“ – ѓубре стана главен „епитет“ во политичките битки

by fokus

Скопје цел викенд се „дави“ во ѓубре на летните горештни откако дел од вработените во „Комунална хигиена“ излегоа на протест. Но, проблемот со ѓубрето во главниот град веќе стана политички, па зборот ѓубре им стана омилен на политичарите и главен „епитет“ за противникот.  Камионите се „ослободуваат“ со полиција, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ го истураат ѓубрето пред „Дрисла“, градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска обвинува дека Христијан Мицкоски е најголемо ѓубре и ќе го исчисти и него. Тие пак се сомневаат во нејзината деловна спсобност и за нив таа е личност со особини на ѓубре.

Фото: Томислав Георгиев

 

Поврзани новости