Приватните превозници кои денеска излегоа на протест и го блокираа главниот град, преку објава на Фејсбук им се извинија на граѓаните и побараа нивна поддршка
-Слобода Превоз во име на сите приватни превозници се извинува до сите граѓани на Скопје кои денеска и се до решавање на проблемот ќе бидат попречени во нивното движење низ градот. Приватните превозници бараат подршка од сите граѓани се со цел побргу да се изнајде решение на проблемот.
Сите државни институции во Република Македонија во случајов и Град Скопје треба да покажат и не треба истите да бидат пример како не треба да се работи со парите на граѓаните и да се ускратуваат правата на граѓаните во случајот да имаат колабиран градски превоз и да чекаат со саати автобус на автобуските постојки.
Ваквото однесување на службите во Град Скопје и самиот градоначалник покажуваат дека воопшто не се грижат за граѓаните туку напротив ги манипулираат – стои во објавата на „Слобода превоз“.
Ако блокадите не помогнат за да се изнајде решение за проблемите со автобускиот превоз, возачите од двете здруженија „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ најавија радикализација на протестите во следните денови.
Фото: Томислав Георгиев