Почна масовното вакцинирање на населението против ковид-19 во земјава во А1 Арената (сала „Борис Трајковски“). За денеска беа закажани термини за 3.000 граѓани, кои ќе бидат вакцинирани со руската вакцина „спутник В“.
Во оваа фаза ќе бидат имунизирани лица од т.н. критична инфраструктура – вработени во МВР, АРМ, новинари, возачи на автобуси, пожарникари, воспитувачки во градинките, вработени на патарини и други.
Според планот за имунизација, вакцинацијата со 20.000 руски вакцини „спутник“, донација од Србија, ќе се одвива на 48 пункта. Според планот на властите во просек ќе се вакцинираат по 4.000 граѓани на ден, а потоа бројката ќе се зголемува на 7.000 вакцини на ден. Според информациите на министерот за здрасвтво, 20 отсто од закажаните не се појавиле на вакцинација.
Фото: Томислав Георгиев