480
„Ова ви е последна доза“, „Физиолошки раствор и за монструмите што ја продавале терапијата“, „СДСМ и ДУИ – канцерот на Македонија“, беа дел од пораките што беа испратени на денешниот протест што се одржа пред Влада, а потоа продолжи пред Јавното обвинителство по пишувањата на „Фокус“ и постапките што ги отворија истражните органи за скандалот со крадење терапии за болни од рак кои се продавале на црниот пазар, додека на пациентите им се давал физиолошки раствор.
На протестот можеше да се слушнат лични, потресни приказни на граѓани за најблиските што ги изгубиле во борбата со оваа подмолна болест и нивните сомнежи за терапијата што ја примале.
Фото: Томислав Георгиев