Фотогалерија од денешниот протест: Нема слобода без слободни жени

by irena 18:18
18:18

Под мотото „Нема да нè снема“, голем број граѓанки и граѓани денеска одржаа протестен марш низ центарот на Скопје, барајќи државата да преземе поефикасни мерки за запирање на растечкото насилство врз жените во Македонија.

Фото: Томислав Георгиев

Маршот започна точно напладне од Парк Жена борец, од каде што учесниците се упатија кон Градски парк Скопје, завршувајќи кај бистата на Вера Јоциќ.

Фото: Томислав Георгиев

Учесниците порачаа дека честитките по повод Меѓународен ден на жената – 8 Март – не се доволни доколку паралелно не се работи на искоренување на родово базираното насилство, економската нееднаквост и системската дискриминација на жените во општеството.

Фото: Томислав Георгиев

Учесниците маршираа во чест на сите паднати и храбри жени кои си го посветиле животот на оваа борба, за сите жени кои изминатава година не дочекаа правда, сите оние кои требаше да бидат спасени и за сите кои не можат или не им е дозволено да излезат на марш.

Фото: Томислав Георгиев

МВР денеска соопшти дека во последните две недели поднесе 21 кривична пријава за сторени 25 кривични дела во врска со семејно насилство, од кои шест се поднесени по брза постапка.

Фото: Томислав Георгиев

Покрај ова, на подрачјето на СВР Скопје се поднесени пет кривични пријави за родово базирано насилство, од кои три за загрозување на сигурноста и две за демнење. Притоа се изречени пет мерки притвор, како и една мерка претпазливост на подрачјето на СВР Скопје.

Слични вести