493
Српската поп ѕвезда Здравко Чолиќ денеска ја посети македонската фудбалска репрезентација на својот тренинг на фудбалскиот комплекс „Петар Милошевски“.
Македонскиот национален тим се подготвува за квалификациските мечеви против Полска (7 јуни) и против Австрија (10 јуни) во јунскиот циклус, а Чолиќ ја искористи приликата да ги поздрави нашите фудбалери.
Пет дена по мечот против Австрија, Здравко Чолиќ ќе има концерт на арената „Тодор Проески“, а картите се веќе пуштени во продажба.