(ФОТО) Заврши Саемот на книга во Скопје: Годинава се посветивме на македонското!

by Fokus

Попладнево заврши овогодинешниот Саем на книгата во Скопје, кој за првпат се одржа на отворен простор поради пандемијата од корона вирусот.

Во изминатите неколку дена, читателите може да ги разгледаат понудите на неколкуте издавачки куќи, кои се обидоа со пристапни цени да им се доближат на книжевната публика.

Може да се каже дека оваа година беше посветена на македонските писатели, кои несомнено ја заслужуваат целосната поддршка.

Имаше работа во изминатиот период и цела година се подготвувавме за тоа. Се надевам дека до крајот на годината ќе ја оствариме онаа акција од 360 книги, односно секој ден по еден нов наслов. Во однос на минатата година, се забележа минимална разлика. Недостасуваа оние училишни групи, но тоа се надомести во претходните денови. Годинава беше ставен фокус на македонските автори. Македонското пред се годинава. Од кај нас најмногу се купуваа детските книги, трилерите, романсите, а Васко Тодоров ги сруши сите рекорди“, ни истакна Душко Трифуновски од Арс Ламина.

Што се однесува до цените на книгите, љубителите на пишаниот збор генерално се задоволни од попустите кои што се нудеа.

Има многу убави книги на овогодинешниот Саем на книгата. Интересни содржини, цените воглавно се прифатливи за наш стандард. Попустите беа задоволителни“, коментираат присутните.

Софија Петрова Стојков од „Антолог“ вели дека е изненадена од посетеноста на овој Саем, но и почитувањето на препораките од луѓето.

Неблагодарно е да се споредува Саемот на книга оваа година со лани, поради здравствената состојба и епидемиолошката слика. Изненадена сум од посетеноста, но и почитувањето на препораките од луѓето. Ме радува тоа што луѓето и понатаму купуваат убави книги. Кај нас најдобро поминуваат трилерите, мистериите“, ни посочи Стојков.

Текст и фото: Јорданчо Цветаноски

Поврзани новости