1K
Државниот пазарен инспекторат утрово го затвори кафулето кое организираше првосептемвриска забава со средношколци во трговскиот центар „Бисер“ во Аеродром.
„Денес беше денот за затворање по редовна процедура која мораме да ја запазиме. За разлика од вонредната состојба кога, по одлука, имавме можност веднаш да ги затвораме. Сега мораме да чекаме законски три дена. Денес истече законскиот рок и во моментов инспекторите го пломбираат локалот“, ни изјави Стојко Пауновски, директор на Државниот пазарен инспекторат.
Освен едномесечна забрана за работа, локалот добил и прекршочна пријава и од судот зависи колкава парична казна ќе му биде одредена.