654
Дел од учесниците на протестот против промена на името на државата пред Собрание го запалија грчкото знаме, објави Макфакс.
„Тој аманет од историјата мора да го исполниме. Велепредавниците кога-тогаш ќе бидат извадени пред судот на народот“, порачаа говорниците на протестот.
Тие бараат итен крај на разговорите за името на државата и отфрлаат референдум за името. Ја повикаа власта да се откаже од намерата за промена на името и ја охрабрија опозицијата да го одбрани името и идентитетот на македонската нација.