678
Премиерот Зоран Заев оваа година не се маскираше на Струмичкиот карневал, иако како градоначалник на Струмица редовно го правеше тоа.
Овој пат премиерот само објави фотографии од неговото присуство, а може да се забележи дека со него се и владините функционери Кочо Анѓушев и Венко Филипче. На својот профил на Фејсбук напиша:„Клучот е кај карневалџиите, љубопитноста кај граѓаните. Од Струмица вечерва извира шаренило од креации, бои, хумор, критика и сарказам. Градот повторно е европска престолнина на маските преку која вековното станува современо“.