124
Србите денеска гласаат за нов парламент, 18 месеци по последните парламентарни избори.
И српскиот претседател Александар Вучиќ чекаше во ред за да гласа. Како што пренесуваат српските медиуми, тој гласал на избирачкото место на адреса на ДВ „Тесла-Наука за живот“, на булеварот 1 Црвена армија во Нов Белград.
Тој е фотографиран како чека ред со другите граѓани.
За тоа време му приоѓале граѓани за да разговараат со него и да се фотографираат.