756
Поволното време максимално се користи за реставрација на гробното место на македонската поп икона Тоше Проески во Крушево.
Изведувач на проектот е „Енергоинвест“ од Скопје а оттаму порачаа дека најдоцна до месец јуни се очекува објектот да биде комплетно готов.
Иако првочно беше планирано до април да се заврши со изградбата, сепак, поради можни временски неприлики, јуни месец треба да биде краен период за целосна реставрација на гробното место на Тоше Проески.
Тој трагично го загуби животот на свои 26-години кај Нова Градишка во тешка сообраќајна несреќа.
Јорданчо Цветаноски