643
Општина Бутел заедно со АМОС ШЕЛТЕР, започна иницијатива да им помогнеме на гладните и бездомни кучиња. Денеска беа поставени 12 хранилки на локации што ги предложија граѓани кои секојдневно ги хранат животните во Бутел.
АМОС ШЕЛТЕР во соработка со Општина Бутел, секојдневно ќе врши достава на храна за бездомните кучиња на сите 12 локации која ќе им послужи да ги надминат овие тешки времиња, каде што фрекфенцијата на луѓето е намалена а поголем дел од рестораните се затворени.
Во овој момент има доволно храна, но во иднина секој што сака да ги нахрани кучињата ќе може храната да ја остави во садовите кои се наоѓаат на сите фрекфентни локации во наслебите на општината.