436
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ упати силни критики кон првиот човек на Општина Маврово и Ростуше, затоа што како што тврдат, тој купил луксузно возило од над 50 илјади евра со пари од граѓаните.
„Градоначалникот на општина Маврово и Ростуше, Медат Куртовски решил да стане Рамиз Мерку од (Алиекспрес) па за таа намена во буџетот на Општината за свое луксузирање решил да потроши 3500000,оо (три милиони и петстотини илјади) денари за купување на ново луксузно возило за сопствени потреби, со пари на граѓаните“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.