Тешка железничка несреќа се случи во Чешка. Се судрија два воза, има загинати и повредени.
Во сударот на патнички и товарен воз во чешко Пардубице доцна во средата вечерта, најмалку четири лица загинаа, а десетици се повредени, јавуваат чешките медиуми.
Се наведува дека брзиот воз од Прага до Словачка Кошице, со околу 200 патници, се судрил со товарен воз во Пардубице, на околу 100 километри источно од главниот град на Чешка.
Портпаролката на локалните спасувачки служби изјави за чешката телевизија дека во судирот наводно загинале четири лица, а десетици се повредени, од кои некои потешко.
Според железничката управа, возовите се судриле на новата станица Пардубице Центар.
Судирот го прекинал сообраќајот на коридорот кон Моравска, се наведува на веб-страницата на Чешките железници.
Според објавените фотографии и видеа, возовите директно се судриле, а најмалку еден вагон од патничкиот воз излетал од шините и делумно се превртел.
At least 2 dead and dozens injured, some critically, after a RegioJet passenger train collided with a freight train in Pardubice, according to a fire dpt spox. The accident occurred on the main railway corridor in #CzechRepublic. Train connects #Slovakia, Kosice and number of… pic.twitter.com/iq8qYS5WPd
— Filip Horký (@FilipHorky) June 5, 2024