452
На планинар кој бил повреден на Осоговските Планини и не можел сам да се движи попладнево му била укажана помош од спасувачки тим на хеликоптерската единица на Министерството за внатрешни работи.
Спасувачката акција, како што велат од МВР, следувала откако во попладневните часови било пријавено дека лице што планинарело се здобило со повреди и не можело да се движи.
„Веднаш по добиената пријава, алпинистичкиот тим на САЕ ‘Тигар’ со хеликоптер пристигна на местото на несреќата, го подготви повреденото лице за транспорт и со хеликоптерот од хеликоптерската единица за полициски намени го пренесе до хелиодромот во комплексот клиники ‘Мајка Тереза’ во Скопје каде што е предадено за укажување лекарска помош“, се наведува во соопштението на МВР.