465
Попладнево се одржува мирен протест на пациентите до цистична фиброза пред Влада, откако во текот на вчерашниот ден почина Благојче Илијевеки, кој беше еден од најтешките случаи со оваа болест.
Запалени свеќи, венец и букет цвеќе оставија неговите пријатели пред Владата и испратија порака – немаме време за губење, изгубивме прекрасен човек.
Денеска министерот за здравство, Беким Сали преку социјалните мрежи најави дека лекот за најбрзо време ќе биде набавен за осум пациенти.
Ј.Ц.