989
Масовното вакцинирање на населението против ковид-19 во земјава официјално започна од денеска во А1 Арената (сала „Борис Трајковски“). Закажани се термини за 3.000 граѓани, кои ќе бидат вакцинирани со руската вакцина „спутник В“.
Засега сликата од терен говори дека имунизацијата тече според предвидениот план, а нема гужви и турканици.
Во оваа фаза ќе бидат имунизирани лица од т.н. критична инфраструктура – вработени во МВР, АРМ, новинари, возачи на автобуси, пожарникари, воспитувачки во градинките, вработени на патарини и други.
Според планот за имунизација, вакцинацијата со 20.000 руски вакцини „спутник“, донација од Србија, ќе се одвива на 48 пункта.
Фотографија: Томислав Георгиев