564
Вечерва во просториите на „Мак Стил“ во присуство на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и претставници од мисијата на ОБСЕ во Скопје беше уништена поголема количина на оружје и дрога.
Поточно во печката изгореа околу 1.400 килограми разни видови наркотични дроги и околу 270 парчиња разновидно оружје одземено во текот на минатата година по основ на правосилни судски одлуки и судски решенија за нивно уништување.
Фотографии: Томислав Георгиев