(ФОТО)Украинската химна за Денот на независноста се пееше и во Скопје

by Fokus

Попладнево на плоштадот „Македонија“ во Скопје беше одбележан Денот на независноста на Украина. Амбасадорите повеќе земји, заедно со неколку десетици граѓани, со знамиња во рацете изразија поддршка за Украина, која веќе шест месеци е во војна, откако беше нападната од Русија на 24 февруари.

Дел од програмата за одбележување на независноста на Украина беше и поставување светски рекорд за изведување на националната химна на Украина која се пееше истовремено во 50 земји во светот.

Фото: Слободен печат

Поврзани новости