ФОТО Украдена нафта од булдожерот кој пробивал пат во снегот кон Галичник

by fokus

200 литри нафта биле украдени од булдожерот кој пробивал пат низ снегот од Маврово кон Галичник. Во снегот е направен тунел, но работата застанала на пола пат поради кражбата.

Фотографиите се објавени на ФБ профилот на месната заедница Галичник.

„Ноќеска беа украдени 200 литри дизел и беше оштетен системот за довод на гориво на булдожерот. Случајот е пријавен во ПС Маврово и направени се увид и записник за настанатата штета. Механизацијата е ангажирана од Makedonijapat и Јавно претпријатие за државни патишта“, велат од МЗ Галичник.

Поврзани новости