(Фото)Уапсен ученикот кој пукаше во училиште во Белград – пукал со пиштолот на татко му

by fokus

Ученикот од седмо одделение (14) е уапсен по пукањето во ОУ „Владислав Рибникар“ во Врачар во Белград поради сомнение дека пукал во училиштето со пиштолот на неговиот татко, при што едно лице убило, а неколкумина се повредени.

Пред основното училиште во Врачар во моментов има голем број полициски екипи, неколку амбулантни возила, но и многу загрижени родители.

Според Нова.рс, осомничениот ученик (14) по пукотниците побегнал од местото, но полицијата набрзо го уапсила.

Момчето пукало кон поранешната наставничка, го убил чуварот, а бројот на ранети се уште не е познат.

Шокантни се сцените пред училиштето, учениците се вознемирени поради се што се случи. Шокирани родители пристигнуваат и пред училиштето и си ги бараат децата.

Поврзани новости