„Добредојде во Струмица за другарот Алексис Ципрас кој денеска ми е на гости во приватна посета. Се потсетуваме на нашите заеднички напори и придонеси кон мирот и стабилноста на Балканот и разговараме за предизвиците пред кои регионот е денес исправен. Особена чест ми е што пријателството меѓу Северна Македонија и Грција и моето другарство со Алексис преминуваат во трајни и скапоцени вредности“ напиша на Фејсбук поранешниот премиер Зоран Заев по посетата на екс премиерот на Грција, Алексис Ципрас на Струмица.
Добредојде во Струмица за другарот Алексис Ципрас кој денеска ми е на гости во приватна посета. Особена чест ми е што пријателството меѓу Северна Македонија и Грција 🇲🇰 🇬🇷 и моето другарство со @atsipras преминуваат во трајни и скапоцени вредности. pic.twitter.com/AgvastipXj
— Зоран Заев (@Zoran_Zaev) October 2, 2023
Во оној период кога Заев и Ципрас беа премиери на двете соседни земји беше потпишан Договорот од Преспа. Оттогаш тие одржуваат пријателски односи.