(ФОТО) Трансформацијата на Ким Џонг-ун

by fokus

Севернокорејскиот диктатор Ким Џонг-ун од почетокот на годинава почнаа да слабее, а на последниот состанок на владејачката Работничка партија се појави ослабен до непрепознатливост.

Уште кога почна да слабее се појави шпекулации дека има проблем со здравјето, но Националната разузнавачка служба на Јужна Кореја верува дека севернокорејскиот лидер нема здравствени проблеми. Разузнавачката служба дошла до овие заклучоци користејќи технологии за вештачка интелигенција.

Од владата на Северна Кореја велат дека тој помалку јаде за да се солидализира со народот. Поради затворањето на границите и пандемијата со короната, земјата се соочува со недостиг на храна.

 

Поврзани новости