(ФОТО) Трамвај удри во продавница во центарот на Осло, четири лица се повредени

by Fokus

Трамвај денеска удри во продавница во центарот на норвешката престолнина Осло, при што се повредени возачот и уште најмалку три лица, соопшти норвешката полиција.

Во моментот на судирот во трамвајот имало околу 20 патници, соопшти полицијата.

Фотографиите од местото на настанот покажуваат син трамвај кој удрил во продавница за компјутери на приземјето на четирикатница во центарот на норвешката престолнина.

Полицијата во соопштение наведува дека е направена голема штета на продавницата.

Спасувачките служби веднаш реагираа на несреќата во голем број и ја опколија областа. Зградата е евакуирана и ќе се проверува дали има структурни оштетувања, соопшти полицијата.

Поврзани новости