Во тешка сообраќајна несреќа кај Лесковац во Србија, на лице место починала млада жена, а четири лица се повредени, меѓу кои две деца на возраст од 2 и 4 години.
Како што пренесува 192.рс се работи за македонско семејство кое со возило се враќало од одмор во Словенија, а во него се наоѓале маж и жена со две деца и една повозрасна жена.
Според прввичните информации, жената го изгубила животот откако возилото ја пробило заштитната ограда.
Една екипа на Итна помош од Здравствениот дом Лесковац и друга од Лесковачката болница во рекордно време пристигнале на местото и им укажале помош на повредените. Таму била и екипа на Итна помош од Здравствениот дом од Грделица, а едно од децата со полициски автомобил е пренесено во болница, пишуваат српските медиуми.