Граѓаните на Нови Сад вечерва се собраа пред Железничката станица во Нови Сад за да им оддадат почит на жртвите кои вчера загинаа во трагедијата што ја зави Србија во црно. Во несреќата загинаа 14 лица, меѓу кои и две девојчиња, кога околу пладне се урна бетонската настрешница.
Голем број мештани, но и граѓани од Србија, во целосна тишина излегоа на улиците и обединети од болка запалија свеќи и оставија цвеќе пред Железничката станица.
На најмладите жртви им оставаа и плишани играчки за нивната прерано завршена игра.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Да потсетиме, во петокот на 1 ноември, нешто пред 12 часот, се урна настрешницата на зградата на станицата на Железничката станица во Нови Сад. 14 лица загинаа, а тројца се тешко повредени.
Владата на Србија поради оваа трагедија го прогласи 2 ноември за Ден на жалост, додека во Нови Сад е прогласена тридневна жалост.