571
Над илјада демонстранти се веќе присутни пред Владата на Република Македонија. Тие имаат една јасна порака – сакаат чист воздух. Енормното загадувањето во Скопје, но и останатите градови во Македонија ја револтира јавноста. Овојпат таа реши да го крене својот глас.
Најпрво, средношколците од повеќе скопски училишта ја бојкотираа наставата, а најголем дел се приклучија на најавениот Марш за воздух.
,,Сакаме воздух”, ,,Уа профитери” беа пораките кои луѓето ги упатија кон владата.
Ј.Ц.