ФОТО: Студентите со пораки до ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ

Студентите во Битола вчера вечер го преплавија градот со плакати преку кои им порачаа на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ дека не сакаат партиски да ги поистоветуваат. Истовремено испратија порака до сите студенти, средношколци, роднини и пријатели да им се придружат на студентскиот марш во среда во 12 часот.