3
Градоначалникот на општина Струмица, Костадин Костадинов на својот Фејсбук профил објави фотографии од општинската зграда обоена во боите на српското знаме.
„Струмица и струмичани сочувствуваат со неизмерната болка и тага на семејствата на загинатите и повредените во големата трагедија во Нови Сад. Во знак на длабока жалост, солидарност и поддршка, вечерва општинската зграда ја светнавме во боите на српското знаме. Ваква трагедија никогаш да не се повтори“, напиша Костадинов на ФБ.