ФОТО: Страшна сообраќајка во Кисела Вода: возилото смачкано, возачот заглавен

by Fokus

Тешка сообраќајна несреќа доцна вечерва во Скопје. Според информации на ТВ21, БМВ со скопски регистарски ознаки се забило во бандера на булеварот Борис Трајковски во Кисела Вода.

Според првичните информации, возачот кој управувал со автомобилот се здобил со тешки повреди и итно е префрлен на скопските клиники. Во моментов нема дополнителни информации околу неговата здравствена состојба.

Пожарникари учествувале во акцијата за спасување и извлекување на возачот, кој засега од непознати причини изгубил контрола над возилото и излетал од булеварот.

На лице место врши увид полицијата, а сообраќајот се одвива без поголеми задржувања.

Поврзани новости