561
Планинарската кула на Титов Врв на Шар Планина е повторно мета на несовесни планинари, кои ги оштетиле прозорците од овој објект.
Планинарскиот клуб „Аргентус Маунт“ од Тетово информираше дека оштетувањето е на вториот кат од кулата, каде се искршени два прозорци, а еден е целосно откорнат.
Ова не е првпат кулата да биде предмет на демолирање, но нејасно е зошто ова некој го прави, кога таа е единствено место во овој предел кое може да биде од животно значење при невреме на планината.