507
Скопје денеска е под полициска опсада бидејќи треба да се објави пресудата за „Диво Насеље“.
Поради проценет голем безбедносен ризик, полициски единици се распоредени на повеќе локации низ главниот град. Повеќе стотина припадници на полициските специјални единици, како и нивните колеги од цивилниот и униформираниот состав на полицијата се распоредени околу Кривичниот суд.
Роднини и пријатели на обвинетите се собираат денеска за да ја слушнат пресудата за кумановските настани, во кои загинаа осум припадници на полицијата.
Од неодамна, беше зголемено и полициското присуство во близина на неколкуте затвори, каде што се наоѓаа обвинетите во Диво Насеље.