(ФОТО) Со вештачки колк, 79-годишната Милка се качуваше по карпи на Бислимска клисура

by Fokus

Радовишанката Милка Хаџи-Јефтимова е вистински пример дека за желба за спортски активности не пости пречка и оправдувања. Тоа особено добива на тежина ако знаеме дека таа има 79-години и вештачки колк, а пред неколку дена заедно со својот син качувала на карпи кај Бислимска клисура.

Тоа што е интересно, таа за првпат покажала таква желба и качувала во две насоки заедно со останатите алпинисти од Македонија. Нејзиниот син, Стојан Хаџи-Јефтимов за „Фокус“ ни пренесе дел од атмосферата на овој настан.

„Со пријатели планиравме да качуваме по карпи на Бислимска клисура, а мајка ми изрази желба: сакам и јас да пробам. Дојде со нас и за првпат качуваше по карпи. Нормално, беше многу среќна и задоволна. Таа отсекогаш била авантурист во душа. Има положено возачки испит за Ц+Е категорија и во минатото возеше камиони по европските земји“, вели Хаџи-Јефтимов.

Оваа жена е вистински пример дека треба да почнеме да се занимаваме со спортски активности и да го одржуваме духот авантуристички во нас, без разлика на нашата возраст.

Фото – Љубиша Стрелац

Јорданчо Цветаноски

Поврзани новости