(ФОТО) Со шампањ, трубачи и торта со неговиот лик, Вучиќ ја прослави победата

by Фокус

Со торта со неговиот лик, трубачи и шампањ, српскиот претседател Александар Вучиќ, во партиското седиште на СНС во Нов Белград, го прослави освоениот втор претседателски мандат. Пред новинарите и членовите на неговата партија, Вучиќ во едночасовен говор се спореди себе си со Никола Пашиќ.

Вториот петгодишен претседателски мандат Вучиќ го почнува со околу 60 отсто добиени гласови, додека неговиот најсериозен противник, поранешниот генерал Здравко Понош од опозициската коалиција Обединети за Србија, освои околу 17 отсто од гласовите.

Поврзани новости