(ФОТО) Со највисоки државни почести пречекани телата на загинатите

by fokus

Со почесната воена гарда претпладнево беа пречекани телата на 45-те македонски граѓани кои загинаа во страшната автобуска несреќа во Бугарија.

На приемот на телата присуствува државниот врв предводен од претседателот Стево Пендаровски и премиерот Зоран Заев.

На плоштадот „Скендербег“ во Скопје, пак, се поставени венци пред кои граѓаните можат да им оддадат почит на загинатите во автобуската несреќа во Бугарија.

На барање на семејствата на загинатите откажана е поворката која требаше да помине низ главниот град.

 

Поврзани новости