(Фото) Венчаница на снаата на Бекамови поскапа од церемонијата

by fokus

Медиумите веќе ги објавија првите фотографии од венчавката на синот на Викторија и Дејвид Бекам.

Невестата носеше фустан од модната куќа „Валентино“, кој како пренесуваат странските медиуми бил вреден 4 милиони долари. Фустанот е едноставен, ја следи линијата на телото, во горниот дел е на прерамки, а изгледот е надополнет со долг вел од тантела.

Ако им веруваме на бројките кои ги споделуваат светските медиуми, дека свадбата била вредна 3.5 милиони долари, тогаш Никола носела венчаница поскапа од свадбата. Вниманието го привлече и информацијата дека за севкупниот изглед на невестата, инспирација бил изгледот на Клаудија Шифер од 1990-тите.

– Едноставноста на венчаницата беше величествена. Не моравме премногу да го детализираме фустанот за да постигнеме „вау“ ефект, па на крајот го елиминиравме везот. Наместо тоа, тие додадоа француска тантела на рачно изработените ракавици – рекла стилистката Лесли Фремар.

Имено, најстариот син на фудбалската легенда Дејвид и дизајнерката Викторија Бекам, Бруклин (23), се ожени со актерката и богаташка Никола Пелц (27).

Поврзани новости