Фото: Скопје осамна во собраќаен хаос, еден километар се поминува за еден час

by Fokus

Скопје денеска осамна во тотален хаос, само еден километар се поминуваше за саат ипол. На сите четири главни крстосници чекаа возила со часови, а ваквата атмосфера се очекува да продолжи и во наредните денови, поточно се додека не им бидат исплатени парите на приватните превозници, кои им ги должи Јавното сообраќајно претпријатие.

Како што веќе објави „Фокус“ станува збор за сума од речиси 1,3 милиони евра кои Јавното сообраќајно претпријатие им го должи наприватните превозници „Слобода Превоз“ и „Мак Експрес“ за четири месеци, поточно за август, септември, октомври и ноември.

Блокадите на приватните превозници во Скопје продолжуваат сè додека не се седне на маса со градоначалничката Данела Арсовска и не се изнајде законски соодветно решение, информираше директорот на приватниот превозник „Слобода превоз” Ленин Јовановски на денешната прес-конференција.

Тој најави дека е можно и одредено проширување на протестите. Очекува и останатите институции да се вклучат во наоѓање решение за овој проблем.

– Не може граѓаните да не критикуваат нас, треба да го критикуваат изворот на овој проблем, а тоа е кај градоначалничката која дозволи ова да се случи. Не смеат граѓаните да дозволат да имаат ваков градоначалник кој не се грижи за нивниот интерес, рече Јовановски.

Соопшти дека и до „Слобода превоз” денеска е стигнато известување за раскинување на договорот со Град Скопје, а на новинарските прашања- дали има едногласност од страна на приватните превозници дека нема да се пријават на повикот, Јовановски одговори дека никој од нив не би се пријавил знаејќи дека Градот веќе им должи пари.

 „Дали овие превозници на кои веќе им се должи четири месеци ќе се пријават на некој оглас и повторно четири месеци ќе работат и финансираат во бизнисот, за повторно градоначалничката да каже дека не ги исплаќа и да ја тужат.

 

Како може да има јавен повик и да очекува некој да се приклучи на нешто што таа нема намера да го плаќа, изјави Јовановски и додаде дека „е комотна во тој дел бидејќи нејзе финансиски не и влијае тоа и можеби нема да биде градоначалник кога ќе се реши проблемот”, вели Јовановски.

Арсовска овие денови не се појавува во јавноста, но последно што им порача е дека нема да дозволи никој да ја уценува.

Сепак, најавите се дека и во наредниот период ќе продолжат блокадите, така што метрополата ќе остане во тотален хаос и во наредниот период

Сепак, најжестоки се препукувањата на релација меѓу директорот на „Слобода Превоз“, Ленин Јовановски и актуелната градоначалничка Данела Арсовска.

За време на предизборитето за локалните избори, таа ја доби целата поддршка од Јовановски, чии фотографии со денови кружат на социјалните мрежи.

Ирена Мулачка

 

 

Поврзани новости