(ФОТО) Силно невреме во Скопје, дрво паднало врз автомобил во движење

by fokus

Краткото, но силно невреме попладнево предизвика штети во Скопје. Центарот за управување со кризи соопшти дека паднати се повеќе дрва и оштетени се неколку автомобили.

-Едно дрво е паднато врз возило во движење, но за среќа врз задниот дел од колата, па патниците не се повредени. На телефонскиот број 112 стигнуваат голем број пријави од граѓани и откако ќе ги сумираме штетите ќе информираме, велат од ЦУК.

Засега нема пријави за повредени граѓани.

Поврзани новости