(ФОТО) Шилегов ги пречека вардарци со празнична баклава и 100.000 евра

by fokus

По приемот кај премиерот, ракометарите и стручниот штаб на РК Вардар беа на прием кај градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов. Тој ги пречека со баклава и им го предаде чекот од шест милиони денари (околу 100.000 евра) како награда за освоената европска титула.

-Град Скопје секогаш ќе стои зад европскиот шампион РК Вардар затоа што нема подобар начин за промоција и афирмација на нашиот град. Со таа цел, на претседателот на клубот му беше врачен чекот со парична награда во износ од 6 000 000 денари. Ракометарите на РК Вардар се заблагодарија за помошта и достоинствениот пречек кој беше организиран во нивна чест од страна на Град Скопје. Шампионите во знак на благодарност, на Шилегов му врачија ракометарска топка со потписи од целата екипа. Во неформален разговор со кафе и празнична баклава си ветија едни на други дека повторно ќе се видат идната година, на нова прослава, со нова титула и дополнителна гордост за Вардар и Скопје, соопштија од Град Скопје.

Поврзани новости